По конзуларно-дипломатските претставништва во Минхен, Бон и Берн и генералниот конзулат во Венеција, ќе работи во сабота и недела во две смени.
Од МНР преку соопштение денеска информираа дека распоред на работно време во конзулатот ќе трае се до нормализирање на ситуацијата и намалување на барањата на нашите државјани за конзуларни услуги.
Дополнително направен е и распоред за споделување на мобилната станица, која се користи во конзулат во Венеција и во амбасадата во Рим и во Малта, по претходно однапред утврден распоред , информираат од МНР.
Од таму наведуваат и дека со пасошите со старото уставно име македонските граѓани кои се во странство можат да се врата во Македонија, но оти постои ризик доколку треба за краток период потоа да патуваат надвор од државата, да не им биде завршена процедурата за добивање нов пасош и да не можат да ја напуштат Македонија.