Вести Македонија Топ вести

Тошковски: Јавен обвинител е известен за тепачката меѓу двајцата полицајци

Техничкиот министер за внатрешни работи со осуда за инцидентот во кој синоќа во угостителски објект беше нападнат полициски службеник при извршување на своите работни активности од страна на свој колега кој во моментот на инцидентот не бил работно ангажиран.

„ За наведниот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарав да се постапи максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури, сè со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста“, пишува Тошковски на својот Фејсбук профил.

Според информациите со кои располагаме Ивица Б. Е задржан на информативен разговор во полициска станица.

Во инцидентот според информациите од МВР бодигардот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., во раните утрински часови  се степал со колега полицаец кој во моментот извршувал работни обврски.

Според нив настанот се случил доцна синоќа, во 00:40 часот по полноќ, во угостителски објект на подрачје на општина Центар, при што веднаш интервенирале припадници на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Претходно за инцидентот со фејсбук статус информираше дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, кој доаѓа од редовите на СДСМ.

По приведувањето на полицаецот Ивица Б., кој синоќа во кафуле во центарот на Скопје нападнал колега на должност, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој ќе биде отсранет од обезбедувањето лидерот Христијан Мицкоски.

„ОД ОНА ШТО НИ Е ПОЗНАТО СТАНУВА ЗБОР ЗА ЛИЧНА НЕТРПЕЛИВОСТ МЕЃУ ДВАЈЦАТА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ. БАРАМЕ ОРГАНИТЕ, БЕЗ ЗАДДРШКА ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ СИТЕ ПОТРЕБНИ МЕРКИ ЗА РАСВЕТЛУВАЊЕ НА НАСТАНОТ И НАЈОСТРО ДА КАЗНАТ СЕКAКОВ ВИД НА НАСИЛСТВО, ПОСТАПУВАЈЌИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ“, РЕАГИРААТ ДО МЕДИУМИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ.

Со реакција за инцидентот се огласија и од СДСМ од каде потсетуваат дека напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата. Додаваат дека овој скандал мора да биде расчистен целосно. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе