Вести Македонија Топ вести

Шар Планина стана заштитено подрачје, но природата остана незаштитена

Ова е местото помеѓу две мали хидроцентрали на Вејачка река на Шар Планина, каде е поместено речното корито. Изграден е пат за потребите на хидроцентралите, но не е почитуван членот во договорот, според кој треба да се врати во првобитна состојба, вели директорот на Националниот парк, Ибрахим Дехари.

Коритото на реката е оштетено, нарушен е биодиверзитетот, а камењата еден ден можат да завршат во градот, потенцира Дехари.

„За неколку години, зависи кога ќе ни дојде, овие камења што ги гледаме крај оваа река, еден ден ќе ни дојдат во градот Тетово. Секако тука реката не е во овој агол како што го гледате тука и во реката има минимум вода од изворите што се под хифроцентралата. Што сакам да потенцирам? Дека не го почитуваат нормативот или биолошкиот минумум што треба да биде во самата река“, вели Ибрахим Дехари, директор на ЈУ Национален парк Шар Планина.

Но, ова не е единствениот пример. Штетите се бројни. Лизгање на земјиште, ризик од поплави, дури и оштетувања на куќите во селото Вешала.

Дехари апелира да не дозволиме да ни се повторат поплавите, кои беа и со човечки жртви.

„Пример над Голема Речица каде што имавме поплави пред повеќе години. Неколку пати таму. Таму е слична, дури уште полоша состојбата на реката. Затоа апелирам да се вратат назад и да преземат мерки, тие големи камења што се во реката да ги преместат и да биде реката во нормална и природна состојба“, вели Дехари.

11 мали хидроцентрали на Шар Планина се изградени пред да биде прогласена за заштитено подрачје. Две, пак, се во почетна фаза, но според раководството на Установата која раководи со паркот, нивната градба не треба да продолжи. Нови дозволи не се издаваат.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе