Разрешувањата и борбата за превласт во Алијанса за Албанците продолжува откако на денешниот вонреден конгрес крилото на Зијадин Села го разреши Арбен Таравари од претседателската функција во партијата поради низ прекршувања на партискиот статут. Едногласно, со 591 глас, го избраа Зијадин Села повторно да ја води партијата.
Во петокот пак, исто така на вонреден конгрес на кој присуствуваа 421 делегат, крилото на Арбен Таравари го разреши Зијадин села од функцијата претседател на Централното претседателство и го реизбраа за лидер на Алијанса за Албанците.
Според Села партиските тела не донеле одлука Таравари да биде кандидат на претстојните претседателски избори и дејствувал на сопствена иницијатива спротивно на ставот на партијата на изборите да дејствува самостојно.
Дали партијата ќе даде свој кандидат на претседателските избори и како ќе настапи на парламентарните Села не сакаше да открие и кажа дека тоа ќе биде одлука на партиските тела.
Во моментов двата печати на партијата се кај двајцата претседатели Села и Таравари и се очекува да се поведе судска постапка за тоа кој ќе располага со нив односно кој ќе биде лидер на партијата.
Арбен Таравари вчера стави потпис на официјализирањето на коалицијата „Вреди“ која ќе му се спротивстави на ДУИ на претстојните избори а која ја сочинуваат „Алтернатива“, „Беса“, Демократко движење“ и „Алијанса за Албанците“. Лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата, во своите обраќања, нагласија дека доаѓаат промени, пораз на ДУИ на изборите и почеток на нова ера на албанската политика во Македонија.
Огнен Чанчаревиќ