Вести Македонија

Милошоски: Гужва во Минхен, ко да им е последното патување на државна сметка

Според дипломатските правила, една држава на меѓународна конференција не може истовремено да ја претставуваат претседателот на државата и премиерот, бидејќи и двајцата го имаат највисокиот ранг – шеф на држава и шеф на влада, реагира Антонијо Милошоски пратеник и ексминистер за надворешни работи.

На својот фејсбук профил тој пишува дека  само една делегација личи на расштиман оркестар – за жал, тоа е македонската делегација – вели Милошоски.

Тој додава дека како шеф на делегацијата оди или претседателот, или премиерот, но никако двајцата заедно.

-Во случајот со Македонија, на конференцијата во Минхен, присутен е и претседателот Пендаровски, а истовремено таму е и техничкиот премиер Талат Џафери. Двајцата имаат по неколку соработници во нивна придружба. Згора на тоа, со група свои соработници таму е и министерот за надворешни Османи, оној кој би требало да му укаже на премиерот дека двоглави делегации на една иста конференција не праќаат ниту државите кои служат за потсмев на меѓународата сцена, наведува пратеникот Милошски.

Оваа дипломатска грешка го открива непознавањето на протоколот од страна на техничкиот премиер, но истовремено е и недомаќинското триплирање на буџетските трошоци.

Од друга страна, освен писанијата за офицјалнтие средби со државници, владинтото дуо Османи и Џафери постојано обајвува видеа и содржини за поделените патни исрпави на нашинци во Германија, а денеска и од Берн, Швајцарија.

Тие на овој владин пат, со себе однесоа и две мобилни станици за издавање пасоши, а разделија и стотици изработени документи во дијаспората.

Поканите за сите делегации ги праќа организаторот, и во тој контекст до Република Северна Македонија се испратени повеќе покани. Претставниците на државните институции ги прифатија поканите од организаторот и позитивно одговорија во соодветен временски рок. По прифаќањето и дефинирањето на делегациите, истите беа во постојана комуникација и координација, за сите сегменти, вклучително и најважниот сегмент, а тоа се државните позиции и државниот интерес, се вели во реакцијата од Влада по објавениот напис.

Од таму напоменуваат дека ова не е прво учество на земјата на Минхенската безбедносна конференција, ниту прв пат делегацијата да е составена од повеќе членови. Дополнително, велат, Северна Македонија не е единствена држава претставена од делегации од повеќе институции, напротив – повеќето делегации се со повеќе членови, што лесно се проверува преку официјалните канали на организацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе