Вести Македонија

Како ќе се користат парите за студентски оброк

Субвенционираниот студентски оброк изнесува 140 денари на ден. На своите посебни сметки наменети за оваа мерка, студентите добиваат финансиска поддршка за оброк секој ден од понеделник до сабота и може да ја користат кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

Средствата се исплаќаат дневно на посебна кредитна картичка, но, доколку не ги трошите, ќе се собираат на вашите сметки заклучно со сабота. Во сабота располагате со 840 денари. Доколку во сабота не се искористат средствата, нема да ви бидат достапни.

Оние студенти кои сакаат средствата да ги трошат неделно, потребно е првите пет дена да не го трошат оброкот од носењето на измените и потоа да си пазарат од сабота до сабота.

140 денари е понижувачка сума се жалат студентите- „Подобро нешто, отколку ништо“ вели екс-премиерот Ковачевски

Сумата за дневен студентски оброк не се менува и останува 140 денари. Досега таа сума можеше да се искористи само во еден ден по што парите автоматски се враќаа во буџетот на министерството, а со измената периодот за трошење на субвенцијата се зголемува на 6 дена односно работна недела. Измената ќе биде на сила од 01.03.2024.

Телма на својот инстаграм профил организира анкета за висината и потребата за студентски оброк. Кликнете за да ја пополните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе