Вести Македонија

Изгоре куќа во Мичурин, пожарникарите спречија проширување на огнот на соседните куќи

Пожар зафати куќа во Мичурин, на улица Симеон Каврахиров. Огнената стихија е локализирана откако пожарникарите со две возила интервенирале на тесната уличка и спречиле поголемо ширење.

Се расчитуваат остатоците, а засега не се познати причините за избувнување на пожарот.

Истовремено, пожарникарите денеска интервенираат во пожари над селата Моране и Булачани, каде, како што објаснува командирот на против пожарната бригада Звонко Томески, гори нискостеблеста шума.

Испратена е по една екипа да ги гасне пожарите кои се на непристапен терен.

Над село Булачани гори нискостеблеста шума и остатоци од сечени дрвја.

Иако е тоа надлежност на Национални шуми нив таму ги нема, вели Томески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе