Вести Македонија Топ вести

Алијанса на Таравари: Денешниот конгрес и донесените одлуките се фалсификат, ќе следи правна разврска

Денешниот таканаречен Конгрес на групата незадоволници во  АА е незаконски и сериозно го прекршува Статутот на Алијансата за Албанците. Статутот на Алијансата за Албанците, во член 51, предвидува Статутарната комисија да ги води постапките на вонредниот конгрес на кој се одлучува за разрешување на претседателот на партијата.

Настрана манипулациите и фалсификатите кои му претходеа на овој фарсичен Конгрес, ние како легитимни членови на статутарната комисија на партијата го потсетуваме поранешниот претседател на Собранието, г. Зиадин Села, дека Собранието на партијата на 21 јануари 2023 година избра Статутарна комисија во следниов состав: Ардиан Лимани (претседател), Кујтим Незири, Башким Бакиу, Сирија Рашиди и Атнан Незири (членови).

Ние, учествувавме на легитимниот Конгрес на Алијансата за Албанците одржан на 16 февруари 2024 година под раководство на претседателот Арбен Таравари. Единствениот член којн застана зад групата на незадоволни, е Атнан Незири.

Денеска на нелегитимниот конгрес организиран од незадоволната група, се слушна дека Тирон Јахјага е претседател на статутарната комисија.

Единствениот легитимен член на изманипулираната статутарна комисија беше Атнан Незири, кој реши да стане дел од фалсификат.

Ова сведочи за уште еден фалсификат, бидејќи само претседателот на партијата може да предложи именување или разрешување на членовите на Статутарната комисија, за што мора да се гласа во партиското Собрание. Ваквите фалсификати ќе имаат правни последици, се вели во реакцијата на Алијанса на Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе