Вести Македонија Топ вести

Алијанса на Села го разреши Таравари

По расколот во Алијанса за Албанците втор конгрес на партиското крило кое го предводи Зијадин села за  три дена. За неколка часа органзиација и куса дебата делегатите одлучија да го сменат актулениот лидер Арбен Таравари и да го реизберат Зиајдин Села за иден претседатл.

Конгресот се одржува во салата на Опера и Балет, а таму покрај одлуката за претседателска смена во партијата, се зборува и за настапот на изборите.

Претходно пак актуелниот лидер, на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари преку објава на Фејсбук отворено го покани лидерот на ДУИ, Али Ахмети да ја објави и тој својата кандидатура за претседател.

„Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, еднаш вели дека Али Ахмети ќе се појави како кандидат, еднаш се повлекува. Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува и вие граѓаните да одберете кој повеќе и подобро ве претставува!, напиша Таравари на својот профил.

Таравари кандидатурата синоќа ја потврди и пред партнерите од здружената опозиција на партиите на албнаците кој заеднички удрија потпис на платформата под мотот „ВРЕДИ“ за здружена политичка борба.

Како главни цели ги претставија токму кандидатурата на Таравари за претседателски кандидат, но и праќање на ДУИ во опозција.

Засега нема коментар од Тарави за конгресот на партијата, и крилото предводено до Села и неговата евентуална смена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе