Вести Македонија

Спасовски: Во декември и во јануари се фотографирани 170.000 граѓани, немаше потреба од паника и хистерија дека ќе се казнува

Во декември и во јануари се фотографирани 170.000 граѓани, рече поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Клучната работа на сите колегиуми и состаноци што биле е да имаме континуитет во испорака на нарачани документи кои што нема да направат застој. И така се одвиваше динамиката – 20.000, па 50.000, па 100.000, па 200.000 што ќе дојдат сега“, истакна Спасовски.

На оние 650.000 граѓани без патни исправи, Спасовски им порача да си поднесат барање.

„Секој еден кој сака да извади документ, ќе поднесе барање. Документите не се издаваат екс официо. Ако Боби Христов не поднесе барање да му се издаде пасош, државата нема да му издаде“, одговори Спасовски.

Проблемот со возачките дозволи е решен, рече Спасовски кој смета дека немало апсолутно никаква потреба од паника и хистерија дека граѓаните ќе се казнуваат.

„Апсолутно не е точно дека имаме неважечки таблички. Сите таблички се важечки. Правилникот се однесува на лепење на НМК налепниците, а не на важноста на регистарските таблички. Правилникот се смени за да се продолжи рокот до 31.12.2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на Фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20.000 денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе