Жељаско Радуков ќе биде нов амбасадор на Бугарија во Македонија. На функцијата во Скопје ќе го замени Ангел Ангелов.
Новиот бугарски амбасадор во земјава ќе биде од клучно значење за регулирање на билатералните односи и за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија.
Радуков веќе работел како трет секретар во бугарската амбасада во Македонија во периодот од 2010 до 2013 година. Еден период мина на должност и во амбасадата на Бугарија во Белград.
Во бугарското МНР беше одговорен за односите со Северна Македонија по 2021 година.
Радуков е организационен секретар на мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу двете земји.