Имаме фотографирано луѓе кои немаат земено пасоши околу 100.000. од кои се обработени и одобрени и внесени во рамки на системот за производство околу 60.000 и во околу 30.000 случаи граѓаните се фотографирани но не им е одобрена постапката за да влезат во систем односно чекаат кога ќе стигнат обрасци да се произведат.
На располагање заклучно со вчера имаше под 5.000 тип А и околу 10.000 тип Б, тоа значи под 5.000 за да се испринтаат на македонски јазик, а 10.000 на албански јазик.
На прашањето како ќе одат нарачките министерот рече: „Со Господ напред.“ Тој проблемот е настанат поради лошо планирање и катастрофално менаџирање, како и катастрофална динамика на испорака.
Порачки се направени од 1.750.000, а државјани имаме 2,5 милиони.
До крајот на овој месец треба да стигнат околу 245.000 пасоши, од кои најголем дел се Тип А.
„Јас не сум Балтазар, ниту моите луѓе се маѓионичари, единствено што можевме да направиме е тоа, работиме по 13,14 саати дневно и сабота и недела тоа е. Јас не можам да работам 300 часа дневно“, рече Тошковски.