Вести Македонија Топ вести

Панче Тошковски во Топ Тема: Службите во МВР моментално изработуваат нов правилник за налепниците НМК

„Со ново име се испечатени некаде отприлика 525.000 возачки дозволи, тоа се активни возачки дозволи, кои не се дуплираат. Со старото име во важност се 272.000 возачки дозволи. Тоа се важечки возачки дозволи кои не се обновени со новото име и сега со законските измени за безбедност во сообраќајот тие ќе важат до 31.12.2024 година“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„350.000 налепници се дистрибуирани до станиците за технички преглед“, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашната Топ Тема.

На прашањето дали тоа ќе бидат фрлени пари или ќе се промени Правилникот од 2019, изменет во 2020 и 2023 година, според кој министер за внатрешни работи не смее, ниту да дистрибуира, ниту да лепите налепници НМК, Тошковски одговори дека службите во МВР моментално изработуваат нов правилник.

„Се надевам ќе донесат до крајот на емисијата ќе биде готов и веднаш потпишан. Известен е и директорот на Службен весник, овој правилник ќе биде сменет,“ истакна Тошковски.

Тој нагласи дека овој правилник ќе биде сменет и заклучно со 31.12.2024 година и дека нема да има проблем да се движат овие моторни возила во државата, но доколку патуваат надвор мора да ја залепи налепницата НМК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе