Од страв и неизвесност до експресно гласање на законските измени. По само неколку часа од олуката на МВР возачите кои имаат возачки дозволи со старото име на државата да не можат да го управуваат своето возило, Власта и опозицијата дотрчаа до собранието со предлози како да им помогнат на граѓаните. Седницата за расправа за именување на новите министри за миг беше прекината, па измените на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата од различни политички табори стасаа како единствен во Собранието.
Законските измени откако добија зелено светло, се прошетаа до надлежните комисии, и со печат одново се вратија пред пратецните. Без многу дебата и неколкумина пријавени за збор, пратениците едногласно ги изгласаа новите законски измени со што важноста за рокот на возачките дозволи се продолжи до 31-ви декември.
По гласањето на измените на законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата седницата во законодавниот дом продолжи, измените поладнево патуваа на потпис кај претседателот на државата Стево Пендарвоски, а отворена канцеларија ги чека и во Службен весник, се со цел граѓаните утрото да го дочекаат со важечки возачки дозволи за домашна употреба во сообраќајот.
Симона Петровска