Вести Македонија Топ вести

Камбовски: Измените на Законот за рестриктивни мерки нема да ја донесат очекуваната ефективност

Препораки до Министерство за правда и до Владата испратило Здружението за кривично право и криминологија по јавната дебата за Законот за рестриктивни мерки. Но, измените веќе се доставени до Собранието и последниот збор сепак ќе го имаат пратениците.

Препораките се однесуваат на наоѓање навистина ефективни инструменти кои ќе овозможат остварување на целта, а тоа е изречените рестриктивни мерки да станат навистина ефективни и понатаму да не се создаваат уставно правни проблеми или проблеми од аспект на заштита на човековите права, вели за Телма, академик Владо Камбовски.

„Ние сметаме дека на овој начин  како измена на законот нема да се обезбеди нивна ефективност и покрај тоа законот принципиелно не поставен врз добра концепциска основа, бидејќи меша две работи“, вели Камбовски.

Според Академик Камбовски од една страна се рестриктивните мерки донесени од меѓународни организации, како ОН и Совет на безбедност во кои членува и земјава, а од друга страна рестриктивни мерки од САД и Велика Британија донесени врз база на Магнитски акт. Слични закони како овој акт се донесени и во други земји како Канада, Австралија, Чешка, Естонија, Литванија, Латвија со што останува отворено прашањето како ќе се адресираат правните акти што во овие држави би се однесувале на наши државјани.

„Значи имате однос со друга држава во која подобар ефект се остварува кога тие мерки директно би комуницирале не со Владата, која нема законски, уставни остварувања да донесува одлуки, туку непосредно со органите за примена на законот каде што поголеми ефекти може да се постигнат ако тие директно одат на едно координативно тело, раководено можеби од државниот јавен обвинител. Тело кое понатаму ќе проследи соодветни иницијативи за активности на Финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, пониските јавни обвинителства и итн“, смета Камбовски.

Директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов во интервју за КОД рече дека обврските со измените на законот ќе им останат исти.

Владата едногласно го усвои новиот предлог закон за рестриктивни мерки пред една недела. Измените се однесуваат на забрана за извршување јавна функција на функционерот што се нашол на црна листа, но и забрана за аранжмани со државата има и за фирмите што се под вакви санкции. За да можат да се спроведуваат измените ќе се прават усогласувања и на други закони.

Марија Митевска

Владата ги усвои измените на Законот за рестриктивни мерки, тие што ќе се најдат на црната американска листа да не можат да вршат јавна функција

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе