Собранието ги избра Илир Демири за министер за здравство и Наим Бајрами министер за информатичко општество и администрација.
Тие положија заклетва и станаа дел од техничката влада која има за обврска да ги подготви изборите.
Предходните министри за здравство и информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците, Фатмир Меџити и Азир Алиу во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери.
Разрешувањето се случи како последица на расколот во Алијанса за Албанците откако претседателот на партијата Арбен Таравари побара поддршка за коалиција со албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени на претстојните избори. Но неговиот претходник Зијадин Села свика Централното собрание на кое се утврди дека Таравари го прекршил статутот на партијата.
За пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ е несериозно да се назначуваат министри 85 дена до крајот на техничката влада бидејќи сметаат дека тие не можат ништо да придонесат во овие ресори.