Наместо плата, добиле отказ. Тројца работници во јавното претпријатие „Улици и патишта“ останале буквално на улица, бидејќи преку штрајк алармирале за нивните празни сметки. Само два часа по бојкотот, добиле отказ. Управниот одбор го поништил решението на директорот, и наложил нивно враќање на работа, но вратата на Јавното претпијатие сѐ`уште е затворена за нив. Конфедерацијата на слободни синдикати обвини за незаконски отпуштања и се закани со протести и блокади, доколку работниците не бидат вратени на работа.
Отпуштени работници од „ Улици и патишта“ зашто бојкотирале заради празните сметки
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.