Вести Македонија Топ вести

Граѓаните кои немаат пасош со „ Северна“ остануваат заглавени во државата

Со старите пасоши од вторник повеќе нема да може да се патува. МВР апелира граѓаните со стари патни исправи да не се обидуваат воопшто да преминат граница. Старите лични карти и сообраќајните дозволи ќе можат да се користат само во Македонија. Од МВР велат дека граничните полицајци ќе ги пропуштаат граѓаните на премините кон држави во кои може да се влегува со лична карта, но полицијата во таа држава ќе одлучува дали ќе го продолжите патувањето со документ со старо уставно име. Станува збор за соседите Србија, Косово, Албанија, како и за подалечните Црна Гора и Босна и Херцеговина.

  • За излез од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Било кој граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа, велат од Министерството за внатрешни работи.

И возачките дозволи со старото уставно име ќе станат невалидни, извести МВР и повика возачите кои немаат нови дозволи, да не седнуваат зад воланот.  Доколку учествувате во сообраќајка, вие ќе ја платите целата штета без разлика дали сте виновни, предупредува МВР.

  • Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, дополнуваат од МВР.

Оние кои ги анкетиравме велат дека ситуацијата е хаотична. Некои успеале да ги заменат документите, а некои се уште чекаат.

Освен личните документи на регистарските таблички на возилата треба да има налепница НМК. Граѓаните ќе треба да одат со автомобилот и сообраќајната во станиците за технички преглед и таму да пополнат барање, а потоа вработените ќе им залепат налепница. Телма контактираше со неколку станици  дел од нив ги имаат налепниците, а некои ги чекаат уште од петокот. Во Тетово веќе се стигнати и од утре граѓаните ќе можат да ги земат. Во штипската техничка станица вработените се уште ги очекуваат.

Тамара Марковска

Детали за тоа како може да се користат пасошите и возачките- граничната ќе пропушта со стари лични карти, можни проблеми со осигурување возила

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе