Вести Македонија Топ вести

Се зголемува стравот на родителите на невакцинираните деца – долги редици пред пунктовите за имунизација

Редици родители со своите дечиња чекаа за вакцинирање во Поликлиниката „Букурешт“. Гужвите пред вакциналните пунктови продолжија и за време на викенд. Само до 12 часот беа вакцинирани повеќе од 50 деца. Педијатрите велат дека појавата на големата кашлица го зголеми стравот кај родителите и опфатот на имунизација па така дури 80% од децата кои се вакцинирале изутринава во Букурешт ја имаат пропуштено редовната вакцина која се прима до 18 месеци.

„Тука сите се поголеми од три години што значи дека или ја заборавиле вакцината или од некоја причина не дошле на 18 месеци кога таа вакцина се прима. Бројот на прегледи во текот на јануари во споредба со декември е двојно поголем. Меѓутоа интезивно овие два дена. во текот на вчерашниот ден во двете смени имаше 130 пациенти, а денеска до 12 часот околу 50“, изјави Сања Цилевска Младеновска, педијатар .

И во Поликлиниката Ѓорче Петров имаше голем број родители кои чекаа за вакцинирање. Пред камерата на Телма им порачаа на сите родители да ги вакцинираат своите деца.

„Редовно ја вакцинирам ќерката и другото дете ги има примено сите вакцини, но сега заради короната и некои други приватни причини не можевме да дојдеме на време, но еве сега со мало задоцнување дојдовме да ја прими таа вакцина“, вели една мајка.

Бројот на заразни деца со пертусис официјално е 26, но имунолозите во вчерашната Топ Тема истакнаа дека вистинската бројка е далеку поголема.

„Родителите имаат право да имаат прашања и дилеми меѓутоа мислам дека колегите што работат во вакциналните пунктови се едуцирани и обучени да дадат одговор на поголемиот дел од прашањата. Не ги барајте одговорите од соседите или било кој здравствен работник туку од вистинските здравствени работници“, изјави Катерина Ставриќ, Детски имунолог.

 

„Најголем дел од заболените лица се невакцинирани деца, но меѓу потврдените случаи има и вакцинирани. Има и некомплетно вакцинирани.Немам информации дека некој од згрижените пациенти е во потешка состојба. Најголем дел од нив се дијагностицираат и се испраќаат на домашно лекување“, изјави Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Комисијата за заразни болести побара да се прогласи епидемија и даде препорака невакцинираните деца да не се примаат во градинка.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседатлеката нема да предлага челн на судски додека не се донесе новиот закон

Дејан Дејан

За „шетање“ затвореници на приватни собири- поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, екс директор на затворот Шутка и 7 затворски чувари и надзорници

Дејан Дејан

Колку ќе го чини МЕПСО раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе