Вести Свет Топ вести

Александар Вучиќ: Курти сака да владее со Северна Македонија

Албин Курти сака да владее и во Северна Македонија, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ. Во изјава за српските медиуми од Њујорк, Вучиќ рече дека намерата на косовскиот премиер е да ги победи ДУИ и по парламентарните избори да биде дел од власта во земјава, пренесува „360 степени“.

„Сака да владее и со Северна Македонија. Да сериозно, сака да го победи Али Ахмети и ДУИ за да владее во Македонија после мајските избори“,

рече Вучиќ.

Прашањето за можно учество на партијата на Курти на изборите во Македонија се отвори кон крајот на декември, откако трите опозициски партии на Албанците обединети во Европскиот сојуз за промени“ најавија дека на нивните листи ќе има имиња на партијата Самоопределување на Албин Курти. Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, на отворањето на заедничките канцеларии на коалицијата Европски сојуз за промени,  изјави дека изборната програма се работи заедно, канцелариите се заеднички, кампањата ќе биде заедничка и на изборните листи на оваа коалиција ќе има претставници на Самоопределување.

„Од денеска Европскиот сојуз за промени се состои од четири политички партии. Тоа значи дека во овие четири е и Самоопределување, тие ќе бидат дел од пратеничките листи, значи ќе има член, претставник на Самоопределување“, рече Меџити.

Курти пак при претходната посета на Скопје не спомна поддршка на следните избори за опозициските партии на Албанците.Според нашиот Изборен законик, забрането е учество на странски партии, иако нејзини претставници, хипотетички гледано, доколку имаат македонско државјанство, односно двојно државјанство, и ги исполнуваат условите пропишани со Изборниот законик, можат да бидат кандидати за пратеници. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин прогласи велигденско примирје и повика Украина да го следи истиот пример

Дејан Дејан

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Дејан Дејан

Велигденското послание на Архиепископот г.г. Стефан во знак на трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе