Вести Македонија

Телма провери дали се пристигнати налепниците НМК на 5 локации за технички преглед

Во станиците за технички преглед во Скопје, Куманово и Велес се уште нема доставено налепници за регистрации со ознаката НМК.

Телма телефонски контактираше со 5 станици за технички перглед во овие градови и ни беше кажано дека нема налепници и дека ги очекуваат. Досега не биле информирани официјално од МВР за начинот на делење и за достава на налепниците.  Се информирале од медиумите.

Полицајците кои се задолжени за таа обврска и се на шалтери на станиците за технички преглед на вработените им кажале дека треба да им бидат доставени првите налепници во текот на денот.

Налепниците треба да бидат залепени на сите таблички на која нема ознака НМК, без разлика дали станува збор за таблички со црвена подлога на која се става ознаката за градови или поновите со сина подлога и со државни ознаки МК.

Согласно законските промени по меѓународниот договор со Грција периодот за замена на ознаките на регистрациите истекува на 12-ти февруари 2024-та во понеделник (ист е рокот за пасошите и личните документи).

Досега не е поделена ниту една налепница за регистрација иако набавката е потпишана на крајот на ноември лани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе