Неизвесно е дали на денешната собраниска седница ќе има мнозинство за разрешување на актуелните и за избор на новите предложени министри за здравство и за информатичко општество.
Алијанса за Албанците има осум пратеника во актуелниот парламентарен состав, а најмалку еден од нив, пратеникот Халил Снопче, застана зад партискиот лидер Таравари во одлуката за заеднички изборен настап на Алијанса со опозициските партии на Албанците.
Пратеникот и лидер на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, чија партија е дел од владејачката коалиција, во изјава за ТВ 21 најави дека нема да дојде на закажаната седница во Собранието на која како точка на дневен ред ќе се најде предлогот за разрешување на двајцата министри од Алијанса за Албанците.