Техничкиот премиер Талат Џафери денеска официјално достави предлог до Собранието за разрешување на двајцата министри од неговиот кабинет Фатмир Меџити и Азир Алиу кои застанаа зад лидерот Арбен Таравари.
Во дописот Џафери бара од спикерот Митрески предлозите за разрешување да се најдат на дневен ред на наредната седница, која е закажана за утре, а на нивно место да бидат именувани Илир Демири во здравство и Наим Бајрами во министерството за информатичко општество и администрација, како што и беа предлозите на Управниот совет од Алијанса за Албанците.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денеска нема да поднесе оставка и ќе чека на одлука на Собранието но најави дека доколку биде разрешен ќе го искористи правото да се обрати пред пратениците во Собранието. Меџити е дециден дека вечерашното Собрание на партијата кое го свика лидерот на партијата Арбен Таравари е легитимно и нагласи дека Таравари ја има неговата целосна поддршка.
Околку поделбата во неговата матична партија е на ставот дека легитимните органи се под раководство на претседателот на партијата Таравари а на сопартијците кои се приклонија кон ДУИ им посака „добро здравје“
Меџити тврди дека се соочува со притисоци и опструкции од Владата при спроведување на проекти како вработувања, катни гаражи и проширување на позитивната листа на лекови а вината ја лоцираше директно кај министерот за политички систем Артан Груби
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кажа дека околу предлозите за разрешување, пратеничката група ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците од Алијанса за Албанците.
Вечерва во Куманово ќе се одржи Собрание на Алијанса за Албанците кое го свика претседателот на партијата Арбен Таравари како одговор на престедатеклот на централното Собрание и поранешен претседател Зијадин Села кој пак свика партиско Собрание во сабота во Скопје. Расколот во партијата дојде откако Таравари јасно и недвосмислено застана на страната на опозициската коалиција „Европски сојуз за промен“ и им даде поддршка на претстојните избори.
Огнене Чанчаревиќ
Техничкиот премиер достави предлог до Собранието за разрешување на Меџити и Алиу