Вести Македонија

Налепниците со ознаката „НМК“ од утре можат да се земат бесплатно

Долгочекуваните налепници НМК за возилата пристигнаа во Министерството за внатрешни работи. Утре ќе бидат доставени во техничките центри од каде ќе можат да ги подигнат граѓаните. Од МВР немаат конкретен податок за колку возила се потребни налепници, но сметаат дека набавената количина ќе биде доволна за сите возила. Доколку се појави некој недостаток велат дека ќе набават уште налепници.

„Налепници треба да стават оние граѓани кои на регистарските таблици имаат ознака МК или воопшто немаат никаква. Како што и претходно соопштивме овие налепници ќе бидат бесплатни, односно ќе бидат на товар на Министерството за внатрешни работи “, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВр.

Иако првично беше предвидено налепниците да ги купуваат граѓаните по цена од 30 до 50 денари, сепак сега тие ќе бидат бесплатни за граѓаните на товар на МВР, кои ги набавија по различна цена во зависност од димензијата.

Обврската за замена на кодот МК со НМК на регистарските таблички на возилата во државава произлезе од одредбите на Преспанскиот договор со Грција.

Оние граѓани кои нема да имаат ваква налепница после 12 февруари нема да може да ја напуштат државата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе