Вести Македонија Најважни

Четири нови случаи со голема кашлица во Скопје- Меџити денеска ќе го потпише документот за прогласување епидемија во Скопје

Четири нови случаи на голема кашлица, здравствените работници со апел родителите сериозно да ја сфатат заканата по здравјето на нивните деца, но и на возрасните.  Расте бројот и на посети во вакциналниот пункт Букурешт, по алармантната состојба и препораката на Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија на пертусис во Скопје.

  • Доста голем број од тие посети се дечиња кои имаат наполнето 4, 5, па и 6 години, кои ги пропуштиле редовните вакцини, посебно ревакцината која се прима по редовен календар  на 18 месеци. Денес имавме имавме околу 40 дечиња, да речеме околу 2/3 од нив беа деца кои се над 3 години кои што ја пропуштиле редовната имунизација и доаѓаат да ги примат пропуштените вакцини, изјави спец. д-р Сања Цилевска – Младеновска, вакцинален пункт „Букурешт“. 

Според педијатар Цилевска -Младеновска со истава ситуација се соочиле и во 2019 кога имавме епидемија на морбили, кога за многу кус период вакцинирале илјадници деца со МРП вакцина и како што вели таа буквално немале ниту една несакана реакција. Биле вакцинирани и бебиња под 12 месеци, по препорака на Комисијата за заразни болести.

  • Истово сега се случува, свеста за вакцинацијата не е на задоволително ниво, антивакциналните кампањи се многу агресивни и стравот кај родителите, посебно кај тие кои се несигурни, најчесто вака кога ќе букне некоја епидемија, тогаш се одлучуваат да ги донесат децата на вакцина што не е во ред затоа што календарот за имунизација си има своја структура си има растојание меѓу двете дози што оптимално за да се бустира, да се подигне имунитетот,  затоа што е во интерес на детето и имунолошкиот одговор кој треба да го создаде, изјави спец. д-р Сања Цилевска – Младеновска, вакцинален пункт „Букурешт“.

На Универзитетската клиника за детски болести се хоспитализирани и двете деца кои до сега беа лекувани, тоа е едно и пол месечното доенче и четири годишното девојче кои се во добра општа состојба.

По предлогот за прогласување на вонредна состојба на пертусис во нашата држава, апелите на Комисијата за вакцинирање, за зголемување на одзивот на вакцинација, се надевам дека ќе имаме зголемување на процентот на вакцинирани и ќе го спречиме понатамошното ширење на пертусис, забележа д-р Весна Мицевска, Универзитетска клиника за детски болести .

Министерот за здравство во техничката влада  Меџити на денешниот брифинг со новинарите рече дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Воедно Комисијата препорача и да се забрани деца кои не се вакцинирани или делумно вакцинирани да посетуваат градинка.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе