Лекарите повикуваат на вакцинација, а дел од родителите се жалат дека не може да ги ревакцинираат своите деца. Од матичен, преку пункт за вакцинација, до специјалист педијатар. Кој од нив треба да пресече која е возрасната граница до која може да се прими втората доза.
Родителите бараат одговори, а надлежните уверуваат дека не треба да талкаат од една до друга здравствена установа, бидејќи никој не смее да ги врати од вакциналните пунктови. Имунологот доктор Ставриќ апелираше – матичните лекари да не ги препраќаат децата кај имунолозите по амин за ревакцинација.
Нема проблем со првата доза од вакцината, но критична е ревакцинацијата.
Вакцини има, здравствените власти уверуваат дека се безбедни, родителите да немаат отпор и да не се плашат да ги имунизираат сопствените деца. Освен апел до родителите и матичните лекари да го проверат вакциналниот статус и да ги упатат сите дечиња со пропуштени дози да се вакцинираат.
Симона Петровска