Вести Македонија Топ вести

Контраудар на Таравари

Контраудар на Таравари по синоќешното разрешување на двајца директори кои му дадоа поддршка. Се обидува да го претрка Зијадин Села, кој веќе закажа Централно Собрание во сабота и за утре во Куманово ги свика на состанок сите членови на Собранието од кои бара поддршка. Убеден е дека ќе се појават 70 отсто од членовите кои се веќе потпишани за негова поддршка. Ова дополнително ја вжешти внатрепартиската битка. Министерот Кренар Лога, кој е близок до Села, сподели известување дека Таравари не свикал никакво Собрание, туку се работи за обична средба.

Се очекува Владата да побара Собранието да ги разреши и министрите за здравство и за информатичко општество, Фатмир Меџити и Азир Алиу, откако тие јавно порачаа дека нема да поднесат оставки од функциите. Во синоќешните изјави, министрите обвинија дека директорите се разрешени нелегитимно, како и дека ДУИ извршиле пуч врз  Алијанса.

Тие можат да бидат разрешени на два начина – со предлог од техничкиот премиер и на барање на 20 пратеници. Но, и на двата начина, крајниот збор го има мнозинството во Собранието.

Овие случувања можат силно да ја разнишаат техничката влада, но екс-премиерот не верува дека таа ќе падне.

Од таборот на Села во Алијанса попладнево известија дека Управниот совет на партијата со 5 од 7 гласа одлучил за министер за здравство да го предложи Илир Демири, актуелен директор на Клиничката болница во Тетово, а за министер за информатичко општество, Наим Бајрами, магистер по политички науки.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе