Заклучно со денеска во земјара регистрирани 12 случаи на голема кашлица. Најголем број од случаите се од општина Аеродром.
Болеста најопасна е за доенчињата и децата во основните училишта. Лекарите уште еднаш го повторуваат апелот населението да не ја игнорира вакцинацијата која и во минатото се покажала како најдобра заштита против ова заболување.
Сите случаи кои до сега се регистрирани не биле вакцинирани, а за да се стекне имунитет по примена вакцина потребно е да поминат две до три недели.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.