Платите на вработените во Фондот за здравство ќе останат исти до 31 мај, годинава, пред да се прави нов ребаланс на буџетот. Информацијата ја потврди директорот на фондот, Асаф Абдурамани.
Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска премиерот во тесна соработка со нас како фонд и други надлежни институции донесоа заедничка одлука за иста вредност на платите до 31-ви мај. Оваа одлука ќе важи до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените, напиша абдурамани на фејбсук.
Вработените во Фондот за здравство штрајкуваа два дена со барање да не се намалуваат нивните плати за 21 процент. Овие два дена на шалтерите на фондот, работеше по еден вработен и примаше документи само за итни случаи.