Од Движењето Антикоцкање ги повикаа пратениците во Собранието да гласаат на утрешната седница за Предлог измените на Законот за игри на среќа.
Доколку бидат изгласани, со нив се предвидува во рок од една година да се оддалечат обложувалниците и казината од образовните установи во радиус од 500 метри.
Според Антикоцкање велат дека ова е добар почеток, иако нивното барање е вакви објекти воопшто да нема во населени места.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.