Вести Македонија

ЦУК: Пожарот на Шара сам се угаси, на Жеден сè уште горат трева и грмушки

Пожарот кај селото Вешала во Општина Тетово во текот на ноќта се самоизгаснал од нивските температури.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, во пожарот била зафатена поголема површина со сува трева, папрат, смрека и ситни грмушки.

Екипи на Националниот парк „Шар Планина“ се наоѓаат на местото на пожарот и вршат обиколки на опожарената површина со цел да се превенира евентуално повторно разгорување.

Од утрово сè уште активен е пожарот околу врвот на планината Жеден, но со намален интензитет.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје и Полициската станица Сарај информираат дека околу врвот на планината Жеден гори претежно трева и грмушки.

Надлежните апелираат до граѓаните да не палат оган на отворен простор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе