Со свирежи, црвени картони, пароли и барање за оставка на министерот за образование и наука студентите излегоа на протест. Рамо до рамо колегите од државните и приватните универзитети го изразија револтот поради доцнењето на стипендиите и парите за превоз, а проблем, како што велат, имаат и со студентскиот оброк.
По повеќе од еден час протест, студентите ги оставија паролите и црвените картони и си заминаа.
Студентите беа повикани на средба во ресорното министерство, но одбија да присуствуваат без да ја образложат нивната одлука. Од МОН преку соопштение до медиумите им порача на студентите да не се грижат и дека стипендиите веќе им се исплатени. Студентскиот протест го поддржија УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Студентите не ја исклучуваат можноста од нови протести, доколку не им се исполнат нивните барања.
Симона Петровска