Вести Македонија Топ вести

Советниците не се откажуват да ја запрат изградбата на висококатницата во Карпош 4, Јакимовски вели се е законски

На терен механизацијата започна подготовка за изградба на 17-катиницата кај „8-ми Септември“ советниците не се откажуват од битката да ја сопрат. Велат граѓаните се против бетонизација на карпош. Јакимовски ги обвинува дека говорат невистини.

За градоначалникот на Карпош одобрението за градба на 17-катиницата кај  болницата 8 септмеври е во рамаки урбанистичките планови.

Советниците му посочија дека  во неговиот мандтa советот донесен  одлука за суспензија на ДУП-от но, општината не ја признава за валидна. Го потсетија и дека во јули 2023-та е укинат регулациоскиот план според кој треба да има помалку жители а повеке градинки и болници

Јакимовски обвини дека манипулираат но и дека се смешни аргумените дека висококатницата ќе оневозможи слетување на авиони на хелиодромот.

“Независни за Карпош“   бараат од министерство за култура да го поништи позитивното мислење на конзерватроскиот центар донесено под палката на екс директорот Константин Димитров, откако првото мислење во оваа институција било негативно.

Димитров подоцна беше осомничен во акцијата „Шар“ за скопската Чаршија. Дел од парцелата  влегува во границите на зградата споменик Воена Болница која е заштитена како културно наследство.

Министерката за култура за Телма минатата недела најави дека работната група ќе донесе одлука во догледно време.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе