Вести Македонија Топ вести

Гори меѓу селата Бозовце и Вешала – пожар во Националниот парк Шар планина

Два пожара во моментот горат на Шар планина, објавија од Националниот парк на Фејсбук. Вториот, како што се наведува во постот, е меѓу селата Бозовце и Вешала кој сè уште не е ставен под контрола поради силниот ветар и сувата вегетација.
Од таму апелираат до граѓаните на зголемена будност и мобилност заради неповолните временски услови.
„Со цел да се спречат несакани последици потсетуваме дека на територија на Национален Парк Шар Планина е забрането да се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња“, нагласуваат од Националниот парк Шар планина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе