Вести Македонија

Села: Алијанса на Албанците ниту се продава, ниту е на пазар, оди сама на избори

Поранешниот претседател на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, попладнево на прес-конференција, рече дека некој сака да ја компромитира партијата за нечии интереси, но сигурен дека не е за доброто ниту на Албанците, ниту на граѓаните на Македонија.

„Со статутот на партијата, индивидуа, без разлика дали е претседател на партија или било која функција да ја извршува, не може да носи одлуки. Тој може само да предлага. Органите кои носат одлуки се колективните органи, како што е Централното Претседателство на партијата“, порача Села.

И покрај информациите што се споделуваат на социјалните мрежи дека има понуди, Села категорично ги отфрли таквите пишувања.

„Алијансата на Албанците не се продава. Не е на пазар, а не може никој, без да знае и која е цената, да ја продава. Затоа нашиот последен став што го имаме во партијата, во Централното претседателство на партијата, е дека Алијансата на Албанците оди сама на избори“, потенцира Села.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе