Вести Македонија Најважни

Ќе одговара за малтретирање и запуштање на дете – кривична за мајката на 4-годишното девојче со тешки рани и скршеници од Струмица

Мајката на четиригодишното девојче кое со тешки рани и скршеници се лекува на Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје, кривично ќе одговара за малтретирање и запуштање на дете, согласно член 201 од Кривичниот законик.

Во соопштението на основното јавно обвинителство (ОЈО) стои дека мајката не ја извршувала својата родителска должност за грижа и воспитување на детето, дозволила детето да питачи што бил штетно за неговиот развој, здравје и лична безбедност.

Од Центарот за социјални работи во Струмица велат дека ќе постапат согласно најдобрите интереси на децата, а судот ќе одлучува дали ќе и се одземе родителското право на мајката. Таткото во моментов издржува затворска казна.

Велат дека децата ќе се згрижат во згрижувачкo семејствво со цел да им се овозможи правилен раааст и развој и да се надминат траумите. Не прецизираа дали сите четири деца ќе бидат сместени во едно згрижувачко семејство. Ќе се проценува нивната здравствена состојба и возраст, па ќе се донесе соодветна одлука.

Девојчето сè уште е на клиниките во Скопје. Од 29 јануари таа е префрлена на Клиника за детска хирургија за понатамошен третман. Надлежниот јавен обвинител го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина за да се дознаат причините за настанатите повреди кај девојчето.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе