Вести Македонија Топ вести

Предмети се трупаат, а штипска Апелација со само пет судии со претседателот – бараат решение од судски совет

Алармантна состојба во штипска Aпелација каде од почетокот на годината има само петмина судии заедно со претседателот. Претседателот на судот од судски барал да делегира најмалку тројца судии за граѓански предмети, но проблеми има и во кривичниот оддел. Се соочуваат со опасност да не можат да формираат и совети за судење. Судиите не можат да постигнат да го решаваат приливот на предмети, а граѓаните веќе негодуваат за застојот во постапките беше соопштено на денешната седница на Судски совет.

Делегирање на судии или предмети беа дел од опциите за кои се дискутираше во судски совет. Според дел од членовите со тоа топката се префрла на другите 3 апелациони судови во кои исто така недостасуваат судии. Судски ќе разговара и со претседателката на Врховен за евентуално делегирање на предмети но ќе се забрзува постпаките за избор на судии за кои огласите кои се распишани пред повеќе месеци

Изминатиот период тројца судии заминале во пензија. Токму пензионирањата, наспроти бавното пополнување, направи проблем во голем број од судовите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе