ВМРО – ДПМНЕ со демант на информациите на Артан Груби дека Арбен Таравари денеска бил во седиштето на нивната партијата.
– Денес Таравари не беше во ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја разбираме нервозата и фрустрацијата на Груби поради броените денови во власта, се вели во партиската реакција.
Од ВМРО – ДПМНЕ прашуваат од каде знае Артан Груби кој е во Австрија (пазарејќи во еден од луксузните продавници на Гучи, Барбери и Версаче) дали Арбен Таравари бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата го повикуваат Груби наместо соопштенија во име на медиум и негова злоупотреба како да е прес центар на ДУИ, наредниот пат да пушти соопштение и од својот личен маил.
Се разбира под услов да е точно и вистинито, се вели во партиската реакција.
Ваквата вест за Телма денеска ја демантираше и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Инаку возилото за кое е посочено дека е на Арбен Таравари, е всушност возило на Харис – Ибраими – Претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Маврово – Ростуше.
Тој денеска бил присутен во партиското седиште бидејќи во партијата заседаваше централниот комитет.
Претходно медиумот Клан Македонија повикувајќи се на свои извори објави фотографија на црно ауди со гостиварски регистарски ознаки за кое тврди дека е фотографирано во гаражата на седиштето на ВМРО – ДПМНЕ.
Медиумот тврдеше дека всушност возилото е на лидерот на Алијанса за Албанците, додавајќи дека станува збор за средба на Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.