Вести Свет Топ вести

Трамп убедлив против Хејли и во Њу Хемпшир, поранешниот претседател се поблиску до номинацијата, но Хејли не се предава

Поранешниот американски претседател и повторен кандидат на престојните претседателски избори Доналд Трамп убедливо победи и во сојузната држава Њу Хемпшир. На речиси 90 проценти преброени гласови, Трамп убедливо води пред поранешната амбасадорка на САД во ООН, Ники Хејли, која на изборите во Ајова минатата недела изби како негов главен противкандидат по ненадејното повлекување на гуернерот на Флорида, Рон ДеСантис.

Хејли го призна поразот во Њу Хемпшир и му честиташе на Трамп, но исто така и порача дека нема да се откаже изјавувајќи дека трката за републиканската номинација „е далеку од готова“.

Слушнавте што се зборува помеѓу политичката класа. Брзаат да ја прогласат оваа трка за готова. Добро, имам вест за сите нив. Њу Хемпшир е прв во земјата, не е последен. Оваа трка е далеку од готова. Имаме уште десетици држави да поминеме, а следната е мојата Јужна Каролина. А денеска се приближивме до половина од гласовите. Сѐ уште имаме работа, но се движиме нагоре, им порача Хејли на своите поддржувачи во Њу Хемпшир.

Ова не му се допадна премногу на Трамп, кој рече дека Хејли е во заблуда.

Таа излезе и одржуваше говор како да победила. Не победи, туку изгуби. Знаете, и минатата недела имавме мал проблем, и ако се сеќавате Рон беше многу лут бидејќи таа се истрча преправајќи се дека победила во Ајова. Зарем таа не заврши на трето место? Да, таа беше на трето место, изјави Трамп пред своите поддржувачи кои скандираа „птичји мозок“, епитетот кој Трамп ѝ го залепи на Хејли.

Иако поранешната амбасадорка во ООН течиси и ја преполови разликата која ѝ ја предвидуваа анкетите во однос на Трамп, сепак не успеа да го достигне, завршувајќи 12 проценти помалку од гласовите. Ниту предомислувањето на две третини од неопределните гласачуи во Њу Хемпшир да гласаат за неа, не успеаа да го свртат резултатот во нејзина полза.

Следните избори не се во Јужна Каролина, туку во Невада, кои Хелји свесно одлучи да ги прескокне и да не учествува на нив. Таа се надева дека токму во Јужна Каролина, каде во два мандати беше гувернер на сојузната држава, таа ќе успее да ја оствари првата победа против Трамп. Хејли ја очекува макотрпна работа, затоа што дури и во нејзината држава таа заостанува зад Трамп со дури 30 проценти.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алијансата и Таравари одлучија со свои листи да одат на локални избори, но да останат во “Вреди”

Дејан Дејан

Трамп: Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување

Дејан Дејан

(видео)Централното претседателство на крилото на Арбен Таравари од АА- без конкретен одговор дали е можно и евентуално напуштање на Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе