Кошарка Спорт

Градското дерби на Лос Анџелес за Клиперс, Јокиќ запиша 13-ти сезонски трипл-дабл за Денвер (ВИДЕО)

Каваи Ленард со својот втор трипл-дабл во кариерата ги предводеше Лос Анџелес клиперс до победа до 127-116 против градскиот ривал Лејкерс. Постигна 25 поени, 11 скока и 10 асистенции, а Џејмс Харден го следеше со 23 поени. Лејкерс беа без Леброн Џејмс на овој натпревар, па Дианџело Расел со 27 поени и 10 асистенции беше најдобар во тимот, а Ентони Дејвис запиша 26 поени со 12 скока.

Никола Јокиќ исто така запиша трипл-дабл во триумфот на Денвер од 114-110 на гостувањето кај Индијана. Српскиот центар запиша 31 поен, 13 скока и 10 асистенции, што за него беше 13-ти трипл-дабл сезонава. Џамал Мареј исто така одигра добар меч за Нагетс со 31 поен.

На останатите натпревари:
Бруклин – Њујорк 103-108
Њу Орлеанс – Јута 153-124
Оклахома – Портланд 111-109

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Кларк победник на Отвореното тениско првенство на Македонија

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Тетекс се врати меѓу второлигашите, драмата во Ѓорче решена на пенали

Дејан Дејан

Анчелоти и Модриќ се простија од Реал Мадрид (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе