По обилните врнежи од снег триесетина жители од тетовското село Луковица, повеќетo повозрасни, останаа отсечени затоа што селскиот пат не е исчистен. Мештаните се жалат дека иако снежната покривка е околу четириесетина сантимeтери, до ова планински село на надморска височина од 1000 метри, за да се набави храна и други намирници, може да се стаса само со теренско возило. Во вакви услови доколку патот не се рчасисти, ниту децата утре нема да можат да одат на училиште во Брвеница.
-Патот мора да се исчисти, не е прооден. Во долниот дел, ако не врне во следните денови, ќе се стопи снегот. Но, горниот дел, каде е осојница, таму нема шанса. Тешко сe топи, снегот. Не знам дали од Општина Желино испратиле машина нагоре кон селот за да се исчистi снегот, вели жител на Луковица.
Инаку од Центарот за управување со кризи велат дека сите магистрални и регионлани патни правци кои се во надлежност на државните претпријатија се прооодени. За останатите, односно локалните патишта се надлежни општините.
-Регионалниот РЦУК Тетово, известува дека сите патни правци се проодни на Полошкиот регион освен за с.Галичник е непроодни и не се планира да се чисти, додека денеска се планира да се дочисти патот до с. Дуф и с. Сретково (Општина Маврово и Ростуше), вели Илија Бојаровски од ЦУК.
Од АМСМ информираат дека од утрово укинати се забраните за движење на тешки товарани возила на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар, како и на магистралниот пат Струга ГП Ќафасан и патниот правец Струмица Берово. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека изминатото деноноќие, покрај снегот и студеното време, имало повеќе пожари и едно починато лице во опожарена куќа во кумановското село Отошица. Пожарникарите интервенирале на запалени оџаци и во Скопје, Охрид, Кичево и Прилеп.
Емилија Мисирлиевски