Вести Македонија

Загина 49 годишна жена во сообраќајка кај Табановце

Во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случи во близина на граничниот премин „Табановце“ 49 годишна кумановка го загуби животот, додека три други лица се здобиле со повреди.

Двајца од нив биле задржани во Општата болница во Куманово, додека пак едно лице поради сериозноста на повредите било пренесено на скопските клиники.

Од министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека во сообраќајната несреќа која се случи доцна синоќа во близина на граничниот премин „Табановце“ учествувале три автомобили, од кои едниот бил со српски национални ознаки.

„Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово“, соопштија од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе