Вести Македонија Топ вести

Скопјани утре без јавен превоз, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат само до девет часот

Жителите на Скопје и основците и средношколците  кои го користат јавниот превоз утре ќе мора да се снаоѓаат за да дојдат на работното место или на училиште бидејќи вработените во ЈСП ќе штрајкуваат за да ги притиснат градските власти и да ја издејствуваат исплатата на декемвриската плата но и субвенции за непречена работа на компанијата

Дел од членовите на синдикатот утре ќе протестираат пред Град Скопје за што ја известија полицијата.

– утре автобусите излегуваат и во 9 часот се повлекуваат сите за да можат граѓаните, болните лица, учениците и вработените да стигнат на своите дестинации. Во 10 и 30 часот вработените на ЈСП ќе бидат пред Собранието на Град Скопје каде што во 11 часот  почнува вонредната седница на Советот на Град Скопје околу субвенционирањето на јавното претпријатие и гласањето за декемвриската плата, информираше попладнево  Мичо Стојановски од независниот Синдикат на ЈСП.

Преставниците на Синдикатот се револтирани од ингорантскиот однос на советниците.

„Тие секогаш го чекаат последниот момент да се одлучи. Тоа не е во ред. Тие си земаа плата. Нивните фамилии си уживаат, нивните деца имаат за јадење, имаат за се. Нашите деца и фамилии, овие три деца седевме дома, никаде не излеговме“, вели Африм Муча од Синдикатот на ЈСП

 

Барањата на Синдикатот се јасни, исплата на декемвриската плата и на субвенциите за ЈСП и тоа во целосна сума а не исплата на секои шест или три месеци, како што е една од можностите.

 

„Нашите барања се јасни и гласни. Сакаме 2024 година да помине мирно и да нема потреси од овој и како претходните случувања. Сакаме да ни се исплата сумата за да може нормално да работиме, да имаме средства за делови и нафта, за редовно работење и она што е најбитно плата за вработените“, објасни Стојановски

 

Утре почнува и второто полугодие од учебната година. Освен подрачните училиште кои имаат договор со ЈСП кој и покрај евентуалниот штрајк ќе биде испочитуван за останатите ученици нема да има превоз и ќе мора да се снајдат сами а истото важи и за десетици илјади граѓани кои секојдневно го користат јавниот превоз за да стигнат на работните места и потоа да се вратат дома.

„Утре ќе излезат 15 комбиња за превоз на лица со посебни потреби и ќе излезат десетина автобуси кои ЈСП има договор со училишта и општини за превоз на ученици на територијата на која живеат и учат“, рече Стојановски.

Доколку советниците на утрешната вонредна седница  ги изгласаат субвенциите и средствата легнат на сметката на ЈСП, во вторник автобусите редовно ќе возат по  градските улици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе