Која би била поентата на преодната влада ако во неа ја нема опозицијата. Вака дел од аналитичарите ги коментираат најавите на партиите од опозицијата и од власта за меѓусебно бојкотирање на гласањето на претставниците на другата страна во Пржинската влада. Според Петар Арсовски проблемот со ваквите најави е повеќе политички, отколку правен.
„Во основа, техничката влада може да се избере и со 61 пратеник, без оглед на тоа од каде доаѓаат тие пратеници. Проблем е ако таа влада се избере со празни места, бидејќи така таа влада не е комплетна. Вие не можете да влезете во предизборен период без да имате избрано, на пример, министер за внатрешни работи“, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
Дополнителен политички проблем, смета Арсовски, е најавата на владеачките партии дека нема да ги гласаат министрите од ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на ставот на опозијата дека иако ќе делегира свои миистри и заменици министри во преодната влада, нема да гласа за неа бидејќи таа ќе биде предводена од Талат Џафери од ДУИ.
„На крајот на краиштата, се поставува прашањето, која е поентата од Пржинската влада ако во неа не учествува опозицијата, бидејќи единствената причина за Пржинската влада е воведувањето на контролни механизми од опозицијата. Ако опозицијата нема да учествува, тогаш тоа е политичка влада, без оглед на тоа дали ќе се смени премиерот или нема да се смени“, вели Арсовски.
Дали законски е можно пратениците да гласаат за преодната влада без да се наведени сите имиња за министри во неа, како што најави премиерот Димитар Ковачевски и дека таа ќе биде дополнета со имиња веднаш штом опозицијата се премисли и ја даде својата поддршка за преодната влада, Арсовски вели дека иако не гледа дека тоа возможно и предвидено според процедурата, не гледа ниту дека некаде е тоа забрането.
Тој смета дека крајниот збор за тоа дали може или не да се гласа за влада без имиња и дополнително да се гласа за преодната влада откако таа ќе биде избрана, може да го имаат пратениците преку автентично толкување на законот.
Аросовски и со став за можноста неизгласувањето на преодната влада да ја воведе земјата во нови политичака криза.
„Самото неизгласување на преодната влада не не носи директно во политичка криза, бидејќи таа ќе трае 100 дена, без оглед на нејзиниот состав. Суштинското прашање е дали неизгласувањето на преодната влада ќе и дозволи на некоја партија потоа да го оспорува легитимитетот на изборите. Ако тоа се случи, тогаш – да, ќе влеземе во многу сериозна политичка криза“, е ставот на политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
Законот за Влада дополнет за организирање на предвремените избори во 2016 година предвидува Собранието на предлог на претседателот на Владата, сто дена пред денот на одржувањето на парламентарните избори да избире министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, како и заменици-министри во Министерството за финасии, Министерството за земјоделство и Министерството за информатичко општество и администрација – сите на предлог на опозицијата.
Тамара Грнчароска