Вести Македонија Топ вести

ОЈО за несреќата кај Табановце: Жртвата била прегазена откако излегла од автомобилот кој претходно учествувал во сообраќајна несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, “Фолксваген поло” со кумановски и “Фолксваген голф” со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.

По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил “Опел инсигниа” со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала.

Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Во тешката сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случи во близина на граничниот премин „Табановце“ 49 годишна кумановка го загуби животот, додека три други лица се здобиле со повреди.

Двајца од нив биле задржани во Општата болница во Куманово, додека пак едно лице поради сериозноста на повредите било пренесено на скопските клиники.

Од министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека во сообраќајната несреќа која се случи доцна синоќа во близина на граничниот премин „Табановце“ учествувале три автомобили, од кои едниот бил со српски национални ознаки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе