Вести Македонија

Десет патни правци со активни забрани за тешки товарни возила

Центарот за управување со кризи соопшти дека по 18 часот на територијата на државата активна забрана за тешки товарни возила има на 10 патни правци во државата.

Според информациите кои ги споделија на социјалните медиуми еве кои од нив во моментов се затворени:

-Патен правец Р1302  Струмица – Берово (за патнички возила е задолжителна употреба на зимска опрема), -планински премин „Плетвар, патниот правец „А1“ „Демир Капија – Миравци, Битола – Ресен – планински премин „Ѓавато“, патен правец Тетово – Попова Шапка – забраната важи и за автобуси, патен правец „А2“ Струга – г.п. „Ќафасан“, с. Рогачево до г.п. „Јажинце“ – за останатите возила задолжителна е зимска опрема, Гостивар кон „Стража“ – Кичево и Маврово кон Дебар, задолжителна зимска опрема е воведена и за патниот правец кон г.п. „Делчево“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе