Вести Македонија Топ вести

Сè додека ВМРО-ДПМНЕ не одлучи да даде поддршка, нивните места да останат празни – Ковачевски за техничката влада

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада да останат празни додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада. Тој го повика идниот мандатар Талат Џафери да направи влада во која министерските и дополнителните заменички министерски места ќе останат празни, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи да ја поддржи техничката влада, тогаш да се вметнат нивните министри.

„Кога се учествува во влада, тоа значи дека таа влада треба да се поддржи. Во светот не постои искуство и пример политичка партија да учествува во влада, а притоа да не ја поддржи таа влада. Постојат примери во кои политичка партија не учествува во влада, ама ја поддржува. Затоа, сметам дека ВМРО-ДПМНЕ согласно закон, исто како и сите други политички партии кои се повикани да имаат министри во техничката влада, треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа влада. Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа влада, тогаш сметам дека тие места треба да останат празни, мандатарот да предложи влада во кои тие места ќе бидат испразнети, и во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи владата, наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои им следуваат“, рече Ковачевски.

Коментирајќи ја најавата на лидерот на опоцизиската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека нивните министри во техничката влада нема да присуствуваат на владините седници, Ковачевски рече дека Владата е извршно тело во кое оние кои се членови на Влада мора да бидат ангажирани во текот на целиот ден за да можат да ги сервисираат обврските што ги имаат.

„Од нивниот пристап во Собранието, видовме дека тие беа дел од Собранието во последните четири години во коишто единствено што правеа е блокада. Владата е извршно тело во кое оние кои се членови на Влада мора да бидат ангажирани во текот на целиот ден за да можат да ги сервисираат обврските што ги имаат“, нагласи Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе