Вести Македонија Топ вести

Гир и Дамева се согласија за важноста на независноста во работењето на Судскиот совет

Амбасадор Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европската Унија денес се сретна со претседателката на Судскиот совет , Весна Дамева.

Како што соопштуваат од Судскиот совет на остварената средба, амбасадорот ја поздрави одлуката на Управниот суд и даде поддршка  во понатамошното постапување на претседателката Весна Дамева, како и во идните активности и заложби  на Судскиот совет, со цел да се обезбеди владеење на правото и враќање на довербата на граѓаните.

Амбасадорот Гир посебно се осврнал на препораките на ЕК, потенцирајќи дека 17 од 40-те препораки  содржани во Извештајот на Оценската мисија на ЕК, можат веднаш да се спроведат, бидејќи се краткорочни, не бараат уставни и законски измени, и зависат од самиот Судски совет.

Дамева, го информирала Гир дека уште во текот на наредната недела ќе се одржи работилница финансирана во рамките на ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на која ќе се разгледуваат и донесат заклучоци за секоја од препораките на Оценската мисија.

Амбасадорот Гир  изразил надеж дека Судскиот совет ќе пристапи и кон реализација на активностите содржани во новата Стратегија за правосудството, кои во значаен дел се однесуваат и на натамошното функционирање на Судскиот совет.

Холандската Амбасада денеска објави дека амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп имал средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

  • Холандија сега силно ќе размисли за рестартирање на проектот со Судскиот совет кој беше суспендиран во мај, минатата година, се наведува на Фејсбук статусот на Амбасадата на Холандија.

Јан Коп по средбата со Дамева: Холандија ќе размисли за рестартирање на сиспендираниот проект со Судскиот совет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе