Вести Македонија Топ вести

Јан Коп по средбата со Дамева: Холандија ќе размисли за рестартирање на сиспендираниот проект со Судскиот совет

Холандската Амбасада денеска објави дека амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп имал средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

  • Амбасадорот Дирк Јан Коп денеска се сретна со Весна Дамева, претседател на Судскиот совет (СС). Амбасадорот Коп е задоволен што Судскиот совет повторно е правен субјект. Сега е од големо значење и итност да се започне со враќање на довербата на јавноста и меѓународната заедница во Судскиот совет, стои во објавата на фејсбук профилот на Амбасадата.

Дамева, се посочува, даде преглед на начинот на кој на транспарентен начин ќе ги имплементира препораките на Оценката мисијата на Европската унија.

  • Холандија сега силно ќе размисли за рестартирање на проектот со Судскиот совет кој беше суспендиран во мај, минатата година, се наведува на фејсбук статусот на Амбасадата на Холандија.

Весна Дамева се врати на претседателското место во Судскиот совет на 4 јануари, а по пресудата на Управниот суд дека не се образложени причините поради кои таа претходно беше разрешена. Критики кон Советот во изминатиот период упати холандскиот амбасадор Коп, а коментирајќи ги случувањата во Судскиот совет во постапувањето на ова тело во однос на политичките притисоци врз Врховниот суд, амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер лани изјави дека Судскиот совет не успеал во целост да ги исполни своите законски обврски.

Судскиот совет утре ќе расправа за утврдување на одговорноста на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Најдоцна до 12 мај Собранието треба да ја прогласи Сиљановска Давкова за претседател, тогаш му истекува мандатот на Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе