Вести Македонија Топ вести

И крадци на Пасошко, додека чекаат граѓаните во хаосот за да ги земат личните документи, на жена и украдоа паричник

Турканици и расправии, ваква беше атмосферата пред шалтерите за подигнување на личните документи во МРТВ. Дополнителен хаос настана при кражба, па мораше да се прави претрес на сите граѓани. Поради гужвите кои настанаа изминатиов период при подигање на документите надлежните одлучија шалтерите да работат и во сабота. Но, и за време на викенд можеше да се забележат вообичаените редици граѓани. Оние кои беа таму се разочарани, сметаат дека не е решение работа за викенд.

„Чекав повеќе од два часа и сега се откажав. Многу голема гужва е. Возрасен човек сум, не можам да стојам, не сум јас млад. Ова е брука за државата. Треба да се преземат некои мерки. Зарем не може по пошта да се праќаат? Овие ништо не работат“, вели еден граѓанин.

Ова не е единствениот случај и други граѓани се пожалија дека не можат повеќе да чекаат и си заминуваат без да си ги земат документите. Некои поради тоа што немаат време, а некои бидејќи се уште не им се готови документите иако се сликале минатата година.

„Ние 5 минути чекавме, ама дека се брзавме и си отидовме“, вели еден жител.

„За лична карта чекав околу 40 минути, ама не е готова“, додава друг жител.

Ретки се оние задоволните кои успеале за брзо да ги подигнат документите.

„Чекав околу половина час, земав за ќерка ми пасош, а за мене и за жена ми лични карти и возачки. Инаку немавме никаков проблем, се си оди како што треба“, вели еден државјанин.

Состојбата во Беко беше многу поинаква, на шалтерите за подигнување на личните документи чекаа само неколкумина.

Според Преспанскиот договор, личните документи мора да се заменат до 12 февруари годинава и на нив да пишува „Северна Македонија“. Властите најавија продолжување на тој рок. Претседателот Стево Пендаровски предложи Владата да го пролонгира рокот до септември или октомври. Премиерот Ковачевски прифаќа да го отвори прашањето на владина седница. Продолжувањето на рокот за промена на документите треба да се реши на меѓународно ниво со Грција. Личните карти и возачките дозволи  ќе продолжат да важат и по истекот на рокот. Иако се со старото уставно име, граѓаните нема да бидат казнети, ќе можат да ги користат документите на шалтери, во банки па дури и за за гласање на изборите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе